Софија Вергара оваа зима ја носи најмодерната јакна! Многу жени ja обожаваат – одлично оди со сите комбинации (ФОТО)

Познатата колумбиска актерка Софија Вергара прошета во најмодерната јакна за зимата 2025 година.

Софија Вергара е фотографирана во Њујорк, во модерно и лежерно издание. Заедно со црни панталони и бела маичка, Софија носеше кратка ватирана јакна во многу модерна бордо боја. Облекла бели патики, а одбрала атрактивна чанта „Шанел“, исто така во бордо боја.

Удобната и привлечна јакна е совршена за најразлични аутфити – како за лежерни дневни аутфити, така и за поформални вечерни тоалети. Јакната е топла и многу модерна – кратката бомбер-модел е една од најпопуларните оваа сезона. 

Богатата бордо боја  е најголемиот моден тренд за есента 2024. Најслична е со бојата на црвеното вино и вклучува бројни тонови на бордо, виолетова и кафена, но секако најмногу наликува на бордо. Станува збор за елегантна боја која остава многу моќен впечаток