Колумбиско-американската актерка Софија Вергара, позирајќи во костим за капење, привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.
Таа позираше лежејќи на кауч, со нозете во преден план, и напиша: „Летото е речиси тука“ и го означи својот бренд за нега на кожа. Коментарите беа полни со комплименти за нејзиниот изглед.
„Најубавата жена на светот“, „Летото дефинитивно не е подготвено за тебе“, „Оваа жена доминира со светот“, „Ми го направи денот“, се некои од нив.
Актерката неодамна изјави дека во своите педесетти години има поголема самодоверба од кога било.
„Кога ќе стигнете до одредена возраст, знаете повеќе за животот. Тоа е една од забавните работи во врска со стареењето: сфаќате што е важно во животот, а што не“, рече таа во интервју за E! Вести.
Таа уживаше на Големата награда на Ф1 во Монте Карло минатиот викенд. На почетокот на оваа година кружеа гласини дека таа е во врска со Луис Хамилтон, но извор изјави дека тие само се дружеле и немале планови да бидат заедно поради големата разлика во годините. Имено, таа е 12 години постара од него.