Бугарија е подготвена да потпише договор со Северна Македонија за изградба на прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8, изјави бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов.
Тунелот меѓу Ѓуешево и границата се смета за стратешки објект кој ќе го поврзе Црното со Јадранското Море. Бугарија чека одговор од Скопје, а министерот Николоски претходно укажа дека третата фаза од македонската пруга има смисла само со договор за поврзување.
Министерот за регионален развој Иван Иванов повика на забрзана реализација на проектот, а министерот за одбрана Атанас Запријанов подвлече дека железничкото поврзување е важно и за НАТО, во рамки на иницијативата „Воена мобилност“.