Ако не знаете што да подготвите за ручек, пробајте ја одличната пита од компири без кори што ја правеа нашите баби. Оваа пита за четворица може да се сервира топла или ладна – сеедно, многу е добра.
Состојки:
- 1,5 кг компир
- 1/2 чаша пченкарно брашно (не гриз)
- 1/2 чаша обично бело брашно
- 1/2 чаша масло + 2 лажици масло
- 2 јајца
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 2 лажички сол
- 1 мала лажичка пипер
Подготовка:
Компирите исчистете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Измешајте ги пченкарното брашно, белото брашно, солта, биберот и прашокот за пециво. Не ги посолувајте компирите за да не испуштат дополнителна вода, туку директно посолете го подготвеното брашно.
Вклучете ја рерната да се загрее до 200 степени. Измешајте ги ренданите компири со јајца и половина шолја масло. Потоа додадете ја смесата со брашно и сè добро измешајте.
Во тавче ставете две лажици масло и ставете ја во рерна да се загрее. Во добро загреана тава и масло истурете ја компирската маса, израмнете и печете убаво да порумени, околу 45 минути до еден час.
Оставете ја питата со печени компири да се излади околу 10 минути, а потоа исечете ја и послужете ја со јогурт или кисело млеко.