,,Со болка во душата и грутка во грлото” Ди Марија објави вест која ќе ги растажи Аргентинците: Се збогувам со најубавото

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија ќе ја напушти репрезентацијата по Копа Америка во 2024 година, соопшти денеска тој.

„ Со болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата “, напиша Ди Марија на Инстаграм.

Копа Америка во која Аргентина ќе ја брани титулата ќе се игра од 20 јуни до 14 јули 2024 година.

„ Тоа ќе биде последен пат да го носам дресот на Аргентина “, додаде 35-годишниот играч на Бенфика од Лисабон.

Ди Марија играше и за Росарио, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Париз Сент Жермен и Јувентус.

Во националниот дрес одигра 134 натпревари и постигна 29 голови.