Со години живеелe во хотел со 5 ѕвезди бесплатно и никој не забележал: Откриено како го направилe тоа
Брачната двојка и нивното куче две години живееле во хотелот бесплатно. Добро им беше додека траеше, но како и секоја измама и оваа се разоткри.
Од средината на 2019 до 2021 година, брачна двојка и нивното куче живееле во хотел со пет ѕвезди во Германија, без да платат ниту една ноќ .
Сега 60-годишниот сопруг мора да одговара пред окружниот суд во Визбаден за сериозна измама. Трошоците за сместување изнесуваат вкупно 140.000 евра. Човекот ги платил првите сметки од околу 5.600 евра, по што ги оставил отворени сите други сметки, пренесува магазинот Феникс .
Вработен во хотелот изјави дека долгогодишен гостин често се жалел на разни недостатоци. Наводно, во неговата соба имало бубашваби, оревите мувлосале, а сопругата на обвинетиот пронашла црв во салатата. Освен тоа, обвинетиот тврдеше дека боледува од рак и дека се лекува во Визбаден.
На човекот му бил забранет влез во хотелот дури откако се сменилa управата на хотелот, кога било откриено дека таму живеат бесплатно.