Позитивната листа на лекови ќе се прошири со девет нови лекови, најави министерот за здравство, Арбен Таравари, за кои тврди дека има средства, но мора да се избере новиот Управен одбор на Фондот за здравство, кој ќе расправа во првата сесија.
Пари има, нема запирање, само чекаме да се избере новиот Управен одбор“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Директорот на Фондот вчера изјави дека првично ќе се проверат дупките во буџетот и дури по 10 дена ќе се знае дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови.
„Во моментов нема прашање дали има пари или нема за девет лекови, правиме целосна анализа. Очекувам за десетина дена да има одговор на прашањето дали ќе може да се прошири позитивната листа“, изјави Сашо Клековски.
За вработување на приватни специјалисти, министерот Таравари оптимистички вели дека шестотини од нив ќе се вработат во рок од две години. 300 до крајот на годината, а останатите догодина.
„Многу сум среќен што успеав да најдам решение во првиот месец. Тоа отиде во Владата. Од вкупно 647 специјалисти годинава ќе се вработат 300“, додаде министерот Таравари.
На денешната средба со приватните специјалисти беа договорени нивните критериуми за вработување. Први на листата се оние од последните години на студии.