– Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари, се наведува во денешното соопштение.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.