Со мирен и масовен протест одбележан Денот на трудот во Атина

– Илјадници граѓани, организирани од најголемите синдикати, со традиционални протести во Атина и останатите грчки градови го одбележаа Денот на трудот.

Првомајските протести поминаа мирно и без инциденти, а во Атина, дождот не ги спречи демонстрантите да маршираат низ централните улици и пред грчкиот Парламент.

„Народите ќе победат“; „Работниците обединети, никогаш непобедливи“,  беа дел од слоганите на учесниците во протестот, кои уште еднаш го кренаа гласот за заштита на работничките права.

Во Атина, одделни собири одржаа синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија и двата синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.

На собирите присутни беа и лидерот на ПАСОК- Движење на промена, генералниот секретар на Комунистичката партија, како и пратеници од СИРИЗА и МЕРА25.