СО НЕГОВОТО УБИСТВО СЕ УБИ ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН! Мило Ѓукановиќ: Да беше жив Ѓинѓиќ, Србија веќе ќе беше членка на ЕУ
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека Србија и регионот денес би изгледале поинаку доколку е жив Зоран Ѓинѓиќ , премиерот на Србија кој беше убиен во 2003 година.
„Зоран ќе ја постигнеше својата политичка и животна цел, Србија веќе ќе беше членка на Европската унија“, напиша Ѓукановиќ на Твитер по повод дваесет години од убиството на Ѓинѓиќ.
„Со неговото убиство долго време беше убиена европската иднина на Србија и на Западен Балкан“, додаде Ѓукановиќ.
Тој истакна дека Ѓинѓиќ му бил драг пријател и другар.
„Како и во претходните децении, и денес моите мисли се со неговото семејство. И со Србија која тагува. Секоја чест за Зоран Ѓинѓиќ“, заклучи Ѓукановиќ.