,,Со Путин ќе разговарам неделава, за танго се потребни двајца!” – Се огласи Трамп: Зеленски повторно ќе го поканам во Белата куќа!
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на прифаќањето на 30-дневниот прекин на огнот од страна на Украина и потврди дека САД наскоро ќе одржат состанок со Русија – подоцна денеска или утре.
Американскиот претседател најави и дека повторно ќе го покани Володимир Зеленски во Белата куќа, велејќи: „Сакаме да ставиме крај на војната во Украина“.
САД и Русија ќе одржат состанок за Украина на 11 или 12 март, изјави Доналд Трамп.
„Зборуваме за целосен прекин на огнот. Украина се согласи на тоа, а се надевам дека ќе се согласи и Русија. Ќе се сретнеме со Русија подоцна, денес и утре, и се надевам дека ќе успееме да постигнеме договор. Но, мислам дека овој прекин на огнот е многу важен“, рече Трамп.
Тој верува дека договорот на Путин за прекин на огнот ќе означи „75 отсто од патот“ кон решавање на украинскиот конфликт.
Според него, тој има намера да разговара со рускиот лидер Владимир Путин оваа недела, но тој нагласи: „Потребни се двајца за танго“.
Трамп исто така изрази надеж дека во наредните денови може да дојде до целосен прекин на огнот.