Со рачна бомба кршела ореви, мислела дека е чекич: Баба живеела во заблуда цели 2 децении, а кога ја открила вистината била шокирана (видео)

Цели 20 години , една баба од Кина мислела дека користи обичен чекан за да крши ореви, и била шокирана кога дознала дека всушност користи рачна граната.

Неверојатната приказна започна пред две децении кога една жена со презиме Чин, која сега има 90 години, од Шандонг, централна Кина, пронашла необична грутка метал додека работела на својата фарма во округот Хуангбао.

Иако со текот на времето ја оштетила главата на гранатата, за среќа немало трагедија. Г-ѓа Чин дури минатата недела дознала во каква опасност се наоѓа кога работниците во близина на нејзината куќа препознале што всушност држи во рацете.

„Користев граната за мелење црвен пипер, мелење ореви и слично“, откри оваа баба во видеото кое оттогаш стана вирално на Интернет.

Откако работниците ги алармирале властите, полициската станица од Хуангбао веднаш ги испратила на терен припадниците на единицата за деактивирање и уништување експлозивни направи.

Кинеските медиуми јавија дека гранатата била домашна тип 67, препознатлива по заштитната метална обвивка на дрвената рачка.