СО ТЕГЛА АЈВАР СКРШЕН АВТОМОБИЛ! Неверојатен инцидент во Ниш, а ова е веројатниот мотив! (ФОТО)

Белиот „мицубиши лансер“ е оштетен вечерва во Ниш, кога непознато лице фрлило тегла ајвар врз возилото !

На инстаграм страната „192“ објавена е фотографија од паркиран автомобил на која се гледа оштетено ветробранско стакло!

Мотивите за овој инцидент се уште не се познати, а за среќа нема повредени.

Во некои коментари под објавата, се наведува дека причината е непрописно паркирање . „За среќа“ теглата со ајвар била речиси празна, што љубителите на овој специјалитет ќе го поздрават.