Со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања да излезе од станот
Обвинителството на денешното рочиште објасни детално како се случиле убиствата на Вања и Панче.Прво бил убиен фризерот за да можат за со неговото возило подоцна да ја грабнат Вања. Панче го убил Палчо со истрел во главата, а потоа го закопале во дупка а мобилниот го фрлиле во некој дол.
Обвинетите ја грабнале Вања откако нејзиниот татко му дал на Палчо информации кога таа оди сама во школо, а целта била да се бара откуп. Како што кажа обвинителката, обвинетите пробале да ја киднапираат Вања на 24 ноември откако таткото му јавил на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, бидејќи сестрата нема прв час. Но, поради гужва во сообраќајот, задоцниле. Грабнувањето било извршено во понеделникот на 27 ноември, откако таткото му јавил на Палчо дека Вања ќе оди сама, а оваа информација ја знаел само тој.Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластички стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика” рече обвинителката Крстевска.