Со 13 удари со секира ја усмртил својата сопруга: Детали за страшното убиство во Тузла

Инспекторите од Тузла го испрашувале 60-годишниот Мухарем Субашиќ, кој ноќта меѓу сабота кон недела ја убил својата сопруга, по што тој стапил во контакт со својата ќерка, известувајќи ја за тоа што направил. Утврдено е дека Субашиќ 13 пати ја удрил сопругата со секира.

Имено, Кантоналното обвинителство до судијата за претходна постапка на Кантоналниот суд во Тузла достави предлог за определување мерка притвор од еден месец за Мухарем Субашиќ (60) од Тузла поради постоење на основано сомнение дека сторил убиството на неговата 62-годишна сопруга.

„Тој е осомничен дека околу полноќ на 07.05.2023 година во семејната куќа во населбата Кројчица во Тузла, во алкохолизирана состојба, по кратка вербална и физичка пресметка со сопругата и нанел 13 различни повреди на Кади Субашиќ во пределот на главата, градниот кош, рамото, стомакот и рацете, со остриот и тап дел од секирата а жртвата починала од повредите кои и’ биле нанесени“, соопштија од Обвинителството.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република БиХ веднаш по настанот го лишиле од слобода осомничениот. Истрагата ја спровеле дежурниот обвинител и истражителите на Секторот за криминалистичка полиција на МВР.

По извршената кривична истрага, осомничениот со пријава за стореното кривично дело е предаден на обвинителството.

Вршителот на должноста обвинител издаде наредба за спроведување истрага и го испрашува осомничениот.

,,Клих” јавува дека во тек се сите потребни истраги и вештачења.