Спалната повеќе не е омиленото место за интимни односи !? Луѓето најмногу уживаат на овие места, а особено кога патуваат некаде
Истражување покажува кои се омилените места за интимни врски на љубовните партниер!
Иако спалната соба е вообичаено место за интимни односи, денес нема апсолутно никакви правила. Згора на тоа, се повеќе луѓе имаат потреба да водат љубов на други места. Најновото истражување покажува дека мнозинството од испитаниците (80 проценти) сакаат да имаат интимни односи надвор од домот.
Исто така, ова истражување покажува дека 85 отсто генерално стануваат поинтимни додека се на одмор, без разлика на полот, додека 72 отсто од паровите претпочитаат да експериментираат додека патуваат.
Истражувањето, спроведено од Passport Photo Online, одлучило да анкетира 1.000 Американци за нивните сексуални преференции. Кога станува збор за интимните односи за време на одмор, 50 отсто од луѓето изјавиле дека лубрикантите им се омилени. Потоа следувала предиграта со 49 отсто од гласовите, додека заводливата долна облека одзеде 46 отсто од нив. На големо изненадување, само 37 отсто од анкетираните сакаат да си играат со секс играчки додека се на патување.
Кога станува збор за местата, најпопуларни се хотелските соби (75%), а потоа следат тушевите или кадите со 65%. Други места вклучуваат шатори (60%) и автомобили со 39%.