Спалната соба е минато! Откријте кои места се идеални за интимни односи: Пуштете ја вашата имагинација и уживајте (фото)
За вашиот интимен живот да не падне во монотонија, пожелно е да внесете новина – пробајте нови пози, различни места, играјте игри. Можете да експериментирате и дома.
Различни соби нудат различни можности за интимност, а многу парови се согласуваат дека спалната соба не е секогаш најдобриот избор.
Експертите нагласуваат дека идеалното место за секс дома зависи од личните преференци и желби. Истражувањето кое го спроведе компанијата „Skin Condoms“ откри дека 78 отсто од луѓето на возраст од 18 до 34 години претпочитаат да имаат интимни односи во дневната отколку во спалната соба. Софата, како централно место на живеење, се покажа како практична за интимни моменти, особено кога станува збор за спонтана врска додека заедно гледате филмови или се релаксирате.
Покрај дневната соба, други популарни места за интимни односи се тушот (74 проценти), автомобилот, надворешниот простор и плажата, се вели во истражувањето. Сите овие локации овозможуваат различни искуства и дополнителна доза на возбуда за време на интимните моменти.