Спасеновски: Неизгласувањето на Закон предложен од Влада може да е знак за нестабилност во владејачката коалиција
Откако мнозинството пратеници денеска гласаа против Законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, професорот Александар Спасеновски смета дека ова неизгласување на закон предложен од Влада, е знак дека има нестабилност во владеачката коалиција.
Тој во вечерашното гостување на Тв21 рече дека ваквите спротивставени ставови се доказ дека има нестабилност, но дека не е толку страшно затоа што доаѓа пред крај на мандатот на оваа Влада.
„Кога имаме ситуација како денеска кога Предлог-закон од влада не е изгласан во Собрание, покажува дека постои нестабилност или хетерогеност во политичките ставови од страна на политичката власт. Тоа е индикатор дека истоветноста на ставовите во однос на заложбите е нарушена, и тоа би можело да биде предмет на поголема дебата, и би претставувало поголем проблем, доколку стануваше збор на почетокот на мандатот на влада. Но, откако станува збор за крај, ова може да се толкува заземање на политички позиции, во пресрет на изборите“, рече Спасеновски.