Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека на натпреварот меѓу Скопје и Левски немало никакви инциденти, но пред почетокот на натпреварот група навивачи од Бугарија насилно се однесувале кон припадниците на полицијата.
Спасовски вели дека сите навивачи од Бугарија кои организирано пристигнале на граничниот пункт „Деве Баир“ биле примени и донесени на скопскиот стадион со полициски кордон. Но, тој рече дека можеби имало навивачи кои се одвоиле од групата или дошле со приватни автомобили.
„Можеби имало возила кои дошле неорганизирано и кога поминувале низ Чаир, поради одредена провокација што ја направиле, дошло до конфликт. Напаѓачите се идентификувани и наскоро ќе ги имаме сите детални информации“, најави Спасовски.
„Спортските настани треба да бидат места за уживање и ова е главната порака што сакам да ја испратам“, рече министерот за внатрешни работи во врска со синоќешните инциденти пред натпреварот Скопје – Левски.