Во рамки на проектот „Отворен кабинет“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Центарот за обука Идризово.
Спасовски, како што најавуваат од МВР, работниот ден ќе го помине со кандидатите за полициски службеници кои неодамна ја започнаа својата 12 месечна професионална обука.