Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одат на апанажа. Висината на надоместокот ќе биде платата што номинираното лице ја добивало додека бил на функцијата.
Со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плати и други надоместоци на избраните и именуваните лица, висината на надоместокот што ќе го добива поранешниот премиер Димитар Ковачевски ќе изнесува 156.482 денари. онаа на Оливер Спасовски – 153.037 денари, колку што им биле платите додека биле на функција.
Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење на службеното возило, што е дозволено според Законот за возила.
Инаку, паметиме дека пред неколку месеци платата за функционерите се зголеми за 78 отсто