Спасовски: Основањето на средното полициско училиште е целосно нелегално

Во Собранието заврши расправата за предложениот закон за средното полициско училиште.

Заменик-претседателката на Собранието, Весна Бендевска, објави дека овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутните пратеници, во кој случај мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинство.

Оливер Спасовски, координатор на групата пратеници на СДСМ, нагласи дека ова законско решение е неуставно, е целосно надвор од Законот за средно образование, во никој случај не е во корелација со овие законски норми и на тој начин, како што рече, излегува надвор од рамките на образовниот процес во Македонија.

Потсетуваме дека пред неколку дена, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека Средното полициско училиште ќе се врати од септември 2026 година.

Тошковски најави загарантирано вработување за сите оние што ќе завршат средно полициско училиште.