Спасовски: СДСМ ќе ги чека законските предлози за реорганизација на министерствата, ќе ги испита и потоа ќе одлучи дали ќе ги поддржи
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска одговарајќи на новинарски прашања во македонското Собрание, информираше за заклучоците од координацијата на пратеничката група и со претседателот на Собранието, каде што се конституира Комисиите, работните тела главно се разговараше во законодавниот дом, делегациите и групите за соработка.
За законите што се најавуваат за реорганизација на министерствата или за реформа на администрацијата, Спасовски рече дека СДСМ не може да даде невиден став и затоа пред да одлучи ќе ги чека законските одлуки, внимателно ќе ги испита законските текстови, по што ќе одлучи дали ќе ги поддржи.