Спасовски: Системот „Безбеден град“ ќе вклучи и други градови

Ќе се унапредува системот „Безбеден град“ и тоа ќе значи вклучување на најголемите градови и автопатишта низ државата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесува Телеграф Македонија.

„Во моментов го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процесот на подобрување на целиот овој систем. Подобрувањето ќе ги опфати автопатиштата низ државата и овие три града, а тука природно ќе се вклучи и електронското утврдување на сообраќајните прекршоци“, рече тој.

Спасовски рече дека идејата е системот да се прошири пред се во големите градови каде што има поголема фреквенција на луѓе.

„Штип е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека истокот, штипското подрачје е мирно, стабилно, но секаде каде што имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но и ни помага. во детекциската дејност на јавната безбедност“, додаде Спасовски.