Спасовски: Со уставните измени државата не губи ништо, напротив ќе добие многу

За уставните измени, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека од осамостојувањето на државата ова е можност да се затвори прашањето за самоопределување.

„Ако некој не не прифаќа како народ, затоа што вели дека ја познава македонската држава, но не и народот, тогаш се поставува прашањето зошто сакате да станете дел од Уставот на Република Македонија во кој ќе се изјасните како малцинство кое живее во Република Македонија? И овој предлог од десно ориентираните партии, кои сакаат да личат на големи патриоти, не сакаат да ги затвораат овие прашања“, рече Спасовски во емисијата „Интервју во знакот“.

Тој рече дека на долг рок сите губат. Според него, како политичари грижа треба да биде што добива државата, а што народот.

„Мислам дека треба да се води сериозна дебата бидејќи на крајот дијалогот е тој што ќе донесе решение и дека со ова нема да изгубиме ништо, туку напротив ќе добиеме многу“, изјави министерот Оливер Спасовски.