Спасовски тврди дека за уставните измени се разговара со секој пратеник

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека се разговара со секој пратеник за уставните измени.

Рече дека сега одговорноста е кај пратениците. Тој посочи дека една од клучните цели на државата е членството во Европската Унија(ЕУ), пат кој што, како што вели нема друга алтернатива.

„Изолацијата на државата, посебно изолација која што доаѓа од внатре е неприфатлива. Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните. Мислам дека никој нема право да ја држи во заложништво перспективата на македонските граѓани“, рече Спасовски

Утре попладне во Вила Водно високиот американски дипломат Габриел Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а во петок со премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Maкедонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат.