Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на спектакуларен начин во Ријад ќе ја најават новата тениска сезона.
Двајцата ќе се сретнат во Саудиска Арабија (среда, 16.00 часот), како дел од изложбата што во вторник ја отворија Арина Сабаленка и Онс Џабер.
Тоа ќе биде нивниот нов дуел, а моментално со 3-2 победи води српскиот ас, кој победи во последната пресметка во полуфиналето на Торино.
Карлитос го доби првиот меѓусебен дуел во Мадрид 2022 година, само за грчеви и брилијантниот Новак го чинеше пораз на Ролан Гарос годинава.
Потоа следеше пресметка во финалето на Вимблдон, која му припадна на Шпанецот, а пред споменатиот меч на завршниот Мастерс, Ѓоковиќ славеше во финалето на Синсинати
Today in Riyadh 🎾😃 @RiyadhSeason @Turki_alalshikh pic.twitter.com/k3RFId7GQZ
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 26, 2023
Новата средба ќе се игра во Кралската арена во Ријад, каде пред неколку дена беше организиран боксерски спектакл со Ентони Џошуа и други светски познати борци.
„Прв пат сум овде, има толку многу да научам за оваа земја. Знаете, голема работа за Саудиска Арабија е што тие ќе бидат домаќини на Светската изложба во 2030 година. Тоа го симболизира растот на земјата и нејзиното глобално присуство Возбуден сум што гледам дека Саудиска Арабија ја отвори вратата кон светот на спортот, забавата и лидерите во бизнисот“, рече Новак.
Појавата на Новак и Карлос во Саудиска Арабија е важна за тенисот, а се води дебата дали во оваа земја треба да дојдат познати спортисти.
Се зборува за човекови права, но парите на тамошните милијардери веќе отидоа во бокс, голф, Формула 1…
Тие ќе го организираат Светското првенство во фудбал во 2034 година, додека во тенисот се задолжени за организација на турнирот NextGen, а најверојатно од следната сезона ќе бидат домаќини и на најдобрите тенисери на ВТА финалниот турнир.
🎥 من تدريبات نوفاك جوكوفيتش في الرياض قبيل مباراته يوم الغد امام الكاراز.
— عالم الكرة الصفراء 🎾 (@Tennis_World20) December 26, 2023
Novak Djokovic in Riyadh before Riyadh tennis cup match against Alcaraz tomorrow. pic.twitter.com/k5neURuzXj