Спектакуларниот огномет во Дубаи: Туристите чекаа и до 15 часа за да го видат пиротехничкото шоу

Обединетите Арапски Емирати влегоа во 2025 година, а спектакуларен огномет, како и претходните години, се одржа во Дубаи.

Додека остатокот од светот се подготвува да ја дочека новата 2025 година, Дубаи го организираше иконскиот огномет на Бурџ Калифа, кој го следеа илјадници луѓе од целиот свет.

Меѓу нив беа шпанските туристи Јелко Родригез и Хавиер Нието, кои изјавија за Khaleej Times дека пристигнале во трговскиот центар на 31 декември во 9 часот наутро, подготвувајќи се да чекаат повеќе од 3 часа за спектакуларното пиротехничко шоу.

Како и многу други посетители, двајцата беа решени да го обезбедат најдоброто место за полноќното шоу. Тие беа дел од поголема толпа што се собра во Дубаи Мол, при што многумина беа подготвени да чекаат повеќе од 15 часа за да го обезбедат најдобриот поглед на највисоката кула на светот осветлена за таа пригода.

Овој град со години е една од најбараните дестинации за најлудата ноќ. Причината е едноставна, овој град во 2014 година го имаше најголемиот новогодишен огномет во светот и поради тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Малку порано во Новата година влегоа Австралија, Хонг Конг, Сингапур, Малезија и Филипините. Во Сиднеј по овој повод беше организиран спектакл за граѓаните и бројните туристи во кој имаше и огномет. Спектаклот над операта во Сиднеј и Мостот Харбор започна пред неколку часа. Се собраа повеќе од милион луѓе.

Потсетуваме дека жителите на островите Самоа и Кирибати во Тихиот Океан први во светот ја дочекаа 2025 година. По Самоа, Кирибати влезе во 2025 година. Оваа земја е поделена на три временски зони. Во 2025 година влезе и Окленд.