Оваа недела полицискиот оддел на Њујорк (NYPD) го претстави најновиот сет на високотехнолошка полициска опрема. Така, жителите на овој град наскоро ќе се соочат со ,,кучиња-роботи”, но и со пневматски пиштол кој може да пука со леплив GPS уред за следење возила во движење. Пушката е наречена Guardian-HX, а ја произведува компанијата „StarChase“.
Целта на уредот е да помогне при полициска потера, а на полицајците ќе им овозможи далечинско следење на возилото во бегство без да праќаат пресретнувач, пренесува Јалопник.
Guardian – HX е базиран на пушката АР-15. Долниот приемник на Guardian е заменлив со која било друга AR пушка. Самиот активирач е повеќе од копче, електронски систем кој го активира ослободувањето на гас под притисок за лансирање на проектилот GPS.
Така, фрлачот со еден истрел може да пука еден GPS-тракер со леплив врв пред повторно да се наполни цевката.
GPS проектилот се движи со брзина од 60 километри на час и има дострел од 10 метри, иако компанијата тврди дека теоретски може да достигне 18 метри.
Откако GPS-приемникот е прикачен на возилото, тој ја пренесува својата локација на секои две до пет секунди.
StarChase го нарекува Guardian најсигурна алатка за ваква намена.