– Кина во понеделникот објави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за кризата меѓу Украина и Русија.
Министерството за надворешни работи на земјата соопшти дека Ли Хуи, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија.
Тој ќе „комуницира со сите страни за политичко решение на украинската криза“, според кинескиот јавен сервис „CGTN“.
Најавата дојде откако кинескиот претседател Си Ѓинпинг минатиот месец, во првиот телефонски разговор од почетокот на војната минатата година, му кажа на својот украински колега Владимир Зеленски дека Пекинг ќе прати свој специјален пратеник да најде решение за кризата.