Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија
Маскирани припадници на словенечката специјална полиција за време на наставата упаднале во основното училиште „8 заложници“ во градот Логатец, меѓу Љубљана и Постојна Јама, и ја уапсиле наставничката, јавува РТВ Словенија .
Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија.
Полицијата соопшти дека приведувањето го извршила претпазливо и внимателно и дека наставникот не бил уапсен пред очите на учениците.
Директорката на училиштето рече дека нема никаква врска со апсењето.
Апсењето на наставникот е резултат на големата криминална акција што беше спроведена минатата недела, кога беше разбиена меѓународна организирана криминална група осомничена за неовластено производство и трговија со дрога.
Шестмината осомничени потоа биле изведени пред истражен судија кој по сослушувањето на сите им одредил приведување, соопштија тогаш од полициската управа Марибор.
Засега не се знае каква улога имала во групата наставникот, седмиот уапсен во акцијата.