“СПИЕВ СЕКОЈ ДЕН СО ТРИ РАЗЛИЧНИ ЖЕНИ!“ – Бомбастична исповед на познат спортист: Омилена мета му биле мажените жени, а еве и зошто!

Познатиот рагбист Дани Каприани откри сочни детали од својот интимен живот.

Овој успешен 35-годишен спортист признал дека му бил потребен сексот како на алкохоличар што му е потребно пиењето и дека спиел со три жени дневно.

Британскиот заводник барал потенцијални „жртви“ каде и да одел, а на неговиот шарм паднале бројни убавици – од актерки во филмови за возрасни, манекенки, до обични девојки од кафулиња. Интересно, омилена мета му биле мажените жени, бидејќи знаел дека ќе ги чуваат во тајност нивните жешки средби.

Интересно е тоа што Дани Каприани никогаш не признал дека е зависник од секс.

Порано бев момчето што имаше секс со толку многу жени, ги поместував границите и се обидував да најдам начин да спијам со оваа и онаа личност, тројки и слично. Ништо од тоа не беше од љубов. Не бев емотивно достапен и тоа ме направи привлечен за жените, во тоа сум сигурен. Беше лудо“, открива рагбистот во интервју за The Sun.

Иако однадвор изгледаше дека одлично се забавувам со сите тие жени, длабоко во себе постојано се чувствував како да ги изневерувам луѓето“, признал Дани Каприани.

Животот на Британецот се превртел кога ја запознал Викторија Роуз, активистка за ментално здравје. По четири месеци врска, спортистот ја запросил Викторија Роуз и тие се во среќен брак од 2021 година.

Викторија Роуз е постара од Дани Каприани, има две деца од претходните врски, а нејзината постара ќерка неодамна го доби второто дете.