Спиел со пет жени истовремено, а сега се бакнува со врсничка на ќерка му: Познатиот моќник ужива со 40 години помлада девојка (ФОТО)

Шведскиот филмски актер Ханс Ландгрен, професионално познат како Долф Ландгрен (65), во подкастот на Греам Бенсингер откри дека осум години се бори со ракот. Недолго по тоа признание, тој беше фотографиран на одмор во Грција, каде уживаше во друштво на својата свршеница Ема Крокдал (27) и неговата ќерка која е на иста возраст како неговата сакана.

И денес на многумина не им е јасно како успеал да заведе 40 години помлада девојка, но таа била покрај него и во најтешките моменти додека тој се борел со ракот.

“Многу го болеше устата, го болеа рацете, не можеше да јаде ништо. Беше тешка борба, слабееше. Сфатив дека е многу полошо отколку што мислевме, почнаа да зборуваат за тумори на белите дробови, стомакот, кичма, бубрези…“, рече Ема.

Пред да се прослави како Иван Драго во „Роки“, шведскиот актер беше во врска со музичарката Грејс Џонс, со која имаше посебен однос.

„Групниот секс се случуваше од време на време, да, со и без Грејс. Кога бевме заедно, таа често носеше дома неколку пријателки. Можеби најмногу четири или пет. Тоа звучи како одлична идеја и често беше, но ако треба да станете наутро за да се борите со Силвестер Сталоне, тогаш тоа не е толку добра идеја“, рече тој еднаш.

Иако целото нејзино друштво се дрогирало и конзумирало кокаин, тој не бил заинтересиран бидејќи по цел ден тренирал.

„Беа 80-тите, години кога само богатите се дрогираа. Тоа не беше закана за општеството, туку само богатите деца се забавуваа. На крајот на краиштата, во Њујорк тогаш можеше да шмркаш кокаин сред ресторан, а никој воопшто да не трепне, вклучително и келнерите“, додаде тој.

Инаку, норвешката убавица Ема ја запозна летото 2019 година во теретаната каде таа работела. Сепак, тие ја криеја својата врска до јануари 2020 година кога се појавија заедно на филмскиот и музички фестивал Кана Дорада во Доминиканската Република.