Повеќето луѓе носат пижами во текот на зимата, додека во лето спијат само во гаќички. Но, експертите открија дека тоа предизвикува повеќе штета на здравјето отколку корист.
Резултатите од едно истражување покажаа дека е подобро да спиете голи, да ги оставите овие регии да „дишат“, за да избегнете инфекции.
Во овие простори се собираат голем број бактерии кои потоа се размножуваат поради топлината, особено од потта.
Докторката Алиса Двек, која работи во неколку болници во Њујорк, изјавила: „На пациентите топло им препорачувам да спијат голи“, пренесува Телеграфи.
„Но, бидејќи овие простори се покриени цело време, особено ако материјалот ја задржува влагата и не ја апсорбира, се создаваат совршена влага и топлина за бактериите да се развијат во големи количини“, вели д-р Двек.
Ова може да предизвика чешање, иритација и инфекции на кожата.
Проблемот може да стане уште поголем кај жените кои страдаат од осип за време на менструалниот циклус.
Според студијата, се предлага да не носат гаќички при спиење, туку луѓето кои не можат да спијат голи, да носат премногу широки и лабави.