Спинели: Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, тој ќе оди во Саудиска Арабија или Америка

 Поранешниот претседател на Ливорно, Алдо Спинели и пријател на главниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше за иднината на фудбалскиот стручњак.

– Тој сака да се „извади“ по многу тешка година и на крајот на сезоната ќе замине во Саудиска Арабија, Америка или каде и да е потребно. Летово доби понуди, но секогаш беше решен да остане за да ја докаже својата вредност. Фудбалот стана комплексен, понудените суми не се споредуваат. Само англиските тимови можат да се натпреваруваат со Саудијците и Американците, изјави Спинели за „Football Italia“.

Во летото 2023 година, Ал Хилал му понуди на Алегри договор со плата од 30 милиони евра годишно.

Педест и шестгодишниот Алегри се врати во Јувентус во мај 2021 година и потпиша договор до крајот на јуни 2025 година. Пред тоа, специјалистот веќе работеше во клубот од јули 2014 до јуни 2019 година. Минатата сезона Јувентус го зазеде седмото место во италијанскиот шампионат со 62 поени на 38 натпревари.