Според Бил Гејтс, веројатно е дека за 10 години ќе работиме само два дена во неделата

Ако не сте обожавател на осумчасовното работно време, пет дена во неделата, коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, има добри вести за вас. Имено, тој претпоставува дека за 10 години луѓето ќе работат два дена во неделата, благодарение на вештачката интелигенција.

За него, веројатно е дека сегашната динамика на иновациите ќе доведе до фактот дека луѓето повеќе нема да бидат потребни за повеќето работи и дека ќе биде потребно повторно да се испита работното место како такво.

„Какви работни места ќе има? Ако работиме само два или три дена во неделата“, рече Гејтс за време на неодамнешното гостување во „The Tonight Show“.

Ова не е првпат тој да алудира на скратување на работната недела. Имено, пред две години, кога сега веќе популарната алатка за вештачка интелигенција ChatGPT сè уште беше во повој, тој истакна дека општеството на крајот би можело да дојде до ситуација каде што три работни дена во неделата ќе станат норма.

Според тоа, тој истакна дека ќе биде потребно да се размисли што да се прави со повеќе слободно време, објавува бизнис порталот „Форчун“.