Според Зеленски прелетот на руски ракети над Молдавија и Романија е предизвик за НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска неколку руски проектили прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност.

„Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава“, рече Зеленски во видео-порака, објавена на Телеграм.

„Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор на Молдавија и Романија. Овие проектили се предизвик за НАТО и колективната безбедност. Ова е терор што може и мора да се запре“, рече украинскиот претседател.