Спречете го спанаќот да скапе! Не го чувајте повеќе во кеса, само така ќе остане долго време свежо и хранливо
Многу е важно правилно да го чувате спанаќот за да ги задржи сите хранливи материи и да остане свеж долго време. Ви откриваме трик со кој ќе го зачувате овој здрав зеленчук.
Спанаќот е исклучително хранлив лиснат зеленчук, богат со витамини, минерали и антиоксиданси, а особено е познат по високата содржина на железо, магнезиум и калциум.
Иако е најздрав кога се консумира сиров, бебешкиот спанаќ е многу практичен и
лесно може да се додаде во разни салати . Сепак, експертите советуваат дека бланширањето на спанаќот може да ја подобри апсорпцијата на некои хранливи материи, како што е железото.
Без разлика како го подготвувате, важно е правилно да го чувате спанаќот, бидејќи е познато дека брзо се расипува доколку не се чува правилно. Сигурно веќе сте забележале дека кога ќе го купите и ќе го ставите во кесичка, спанаќот набрзо почнува да испушта течност и брзо се расипува.
За да ја продолжите свежината на спанаќот, важно е да го спречите да се навлажни и стагнира. Најдобар начин е да го измиете, добро да го исушите и да го чувате во стаклен сад со пластичен херметички капак. Ставете хартиени крпи во сад и наредете слоеви листови спанаќ наизменично со хартиените крпи. На дното од садот ставете хартиена крпа, потоа слој спанаќ, па хартиена крпа и повторете ја постапката додека садот не се наполни.
@tastegreatfoodie Store Spinach for up to 1 month!! #howtostorespinach #spinach #SmellLikeIrishSpring #fyy ♬ original sound – TasteGreatFoodie
Затворете го садот со капак и ставете го во фрижидер. Овој начин на складирање може да ја продолжи свежината на спанаќот за 7-10 дена, што е многу подолго отколку кога се чува во пластични кеси кои ја задржуваат влагата и го забрзуваат гниењето.