„Спуштете го оружјето, легнете долу“: Снимка од пукање и оган во близина на Чациланди циркулира на интернет, уапсен 70-годишник
Откако денес избувна пожар во неформална населба пред српскиот Парламент, таканаречената Чациленд, едно лице е уапсено.
Според српските медиуми, уапсен е 70-годишниот Владан А.
Пратениците, кои денес се присутни во српскиот Парламент на седница, за Нова.рс изјавија дека виделе оти едно лице е рането и дека е однесено со брза помош.
Ве потсетуваме дека денес избувна пожар во Пионирскиот парк во Белград, односно на местото каде што се наоѓаат шаторите на групата „Студенти кои сакаат да учат“.
На видеата што кружеа на социјалните мрежи се слушаа истрели и извици „Фрли го оружјето, легни долу“.
Пожарот беше локализиран многу брзо, а се чекаат официјални информации од полицијата.