Срамота! Европската ракометна федерација одби да го одложи натпреварот и покрај националната трагедија во Кочани
Македонија е обвиена во црно по трагичниот пожар во Кочани , во кој животот го загубија најмалку 59 лица, а 155 се повредени.
И покрај катастрофата што ја потресе земјата, ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе одигра квалификациски натпревар против Словенија , откако Европската ракометна федерација не го одобри барањето за одложување.
– Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со надлежните во Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот помеѓу сениорските репрезентации на Словенија и Македонија, но тоа не беше прифатено – известија од Федерацијата на Македонија.
Натпреварот во Љубљана ќе започне со едноминутно молчење во спомен на жртвите.
Словенија, која има максимални шест бода, во тежок емотивен момент за гостинската селекција ги пречекува Македонците кои собраа два.