Срамота: Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ ја полеаа со вода

За време на пленарна седница дошло до тепачка меѓу пратеничките на Националното собрание, при што некои членови дури запалиле и факели. Салата е исполнета со чад.

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ беше полеана со вода. Имено, во сала исполнета со чад некој фрлил вода кон претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

Брнабиќ од говорницата најави дека Парламентот ќе продолжи со работа и ги повика пратениците да се вратат во своите фотелји.