Србинка брутално убиена во Словенија! Ја задавил седум години помладото момче, па два дена спиел до нејзиното тело (фото)
Словенечкиот државјанин Љ.Т. (20) е осомничен дека ја задавил својата девојка Е.М.(27), државјанка на Србија, која живее во Марибор.
Според словенечките медиуми, младото момче прво ја претепал девојката, а потоа ја задавил. Сосетка од зградата во која живееле раскажува како слушнала звуци од станот и жена која вика: „Пушти ме!“. –
Сакав да повикам полиција, но потоа вресоците прекинаа – вели соседот.
Имено, cè се случило во четвртокот, а суровото злосторство било откриено дури во понеделникот. Според ,,Slovenske Novice”, младиот човек дури два дена спиел покрај својата мртва девојка.
И младиот човек и починатата девојка и претходно имале проблеми со полицијата. И двајцата имале забрани за приближување на нивните мајки.
-Имаше пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачка и проблеми со дрога – велат оттаму.