Србинка со џиновски задник крши кревети, луѓе и столчиња (ФОТО)

Наташа Краун е поранешна манекенка позната по својот огромен задник, , koja има српски корени.

Сепак, големиот задник не дошол сам по себе, а Наташа со години се обидува да го направи што е можно поголем.

Таа е висока околу 178 сантиметри и тежи 135 килограми, додека обемот на колковите е неверојатни 182 сантиметри. Целта на зголемувањето на задникот е да се чувствува „моќно и секси“, а нејзин модел е познатата старлета Ким Кардашијан.

Покрај  естетската хирургија , Наташа користи и други методи кои влијаат на големината на задникот. Таа внесува над 6.000 калории дневно за да ја зголеми својата маса, а деновите ги поминува консумирајќи пијалоци и слатки. Таа откри дека јаде повеќе од шест килограми чоколаден крем месечно.

– Мојата трансформација шокираше многу луѓе. Се здебелив многу, но треба да здебелам уште 25 килограми. Тешко е да се одржи ова тело. Мора многу да јадеш, околу 6.000 калории дневно, и мора многу да вежбаш – рекла таа еднаш.

Желбата драстично да го промени својот изглед се појавила уште кога наполнила дваесет години. Веќе на 20-годишна возраст, таа ја направила својата прва естетска операција.

Многумина мислат дека Наташа претерала и дека изгледала подобро пред интервенцијата, но таквите коментари не ја погодуваат. Таа успеала да го монетизира своето тело продавајќи ги своите слики и видеа на обожавателите низ целиот свет.

– Не мислев дека е можно да се заработат пари на овој начин, но сега гледам дека е можно. Со мојот задник кршев столови, кршев кревети, кршев луѓе. Секогаш бев поинаква – откри таа.

Додека некои ја осудуваат, таа верува дека е добар пример за другите бидејќи е различна и посебна.

– Во Шведска, жените мислат дека мора да изгледаат убаво, но мислам дека луѓето треба да видат како треба да изгледаат вистинските жени – рече таа.

Освен на задникот, Наташа направи и естетски интервенции на лицето. Ги направи усните и јаболчниците, ја промени бојата на косата и од русокоса стана бринета.