СРБИН ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА ФАРМА ЗА СВИЊИ ВО МАКЕДОНИЈА: Телото однесено на обдукција

П.С.(67) од Србија , кој работел како стручен консултант во фарма за свињи во село кај Гевгелија, вчера бил пронајден мртов на фармата.

Полицијата во понеделникот околу 10.30 часот добила повик дека е пронајдено тело . Според првите податоци, на телото на П.С., не се забележани траги на насилство.

Телото на починатиот е однесено на обдукција.