Србин сака да го сруши рекордот на Брус Ли поставен пред 50 години (ФОТО)

За храбриот Давор Ќајиќ слушна цела Србија, но и регионот.

И покрај тоа што е роден без дел од левата рака, младиот Давор успеал да ги собере сите сили, да почне да спортува и да влезе во Гинисовата книга на рекорди во една од најтешките спортски дисциплини – по број на војнички склекови изведени на една рака и една нога. Сега реши да оди чекор понатаму и да го собори својот рекорд, 400 склекови на една рака без одмор, педесет години по смртта на славниот Брус Ли.

„Во себе чувствувам дека можам да го направам тоа, со тоа внатрешно чувство кое секогаш ме води непогрешливо, знам дека би можел да се подготвам и да го соборам тој рекорд. Сакам да направам нешто што никој не го направил 50 години. Вежбам секој ден, уфрлив и нови вежби, не знам точно кога ќе биде затоа што претходно ќе има уште еден рекорд. Не сум ни свесен дека имам хендикеп, нормално живеам, ништо не може да ме спречи“, изјави Давор за RINU.

Соборениот Гинисов рекорд е само дополнителен поттик за него, дека всушност може да прави што сака. Нему му недостасуваат 60 сантиметри од левата рака, но тоа, како што самиот вели, никогаш не го спречило да постигне добар резултат. Спортувањето му овозможило да живее живот како сите негови врсници. Гинисовата комисија, која пристигна директно од Германија за да го оцени, немаше дилема да го прогласи Давор за рекордер откако направи 54 склекови во минута. Комисијата го увери дека неговите напори се исплателе.

„И пред публиката, и пред комисијата имав огромна нервоза бидејќи се подготвував со години и тоа многу ми значеше. Сите мои пријатели кои ме поддржаа во мојата намера и ме советуваа да не ги бројам склековите кога се натпреварувам. Не знаејќи колку сум направил, подоцна ми рекоа дека успеав да направам 54 склекови за шеесет секунди, што беше огромен успех за мене. Комисијата го проследи мојот резултат во Лондон, каде што потврдија дека сум го соборил Гинисовиот рекорд“, вели Давор.

Тој ја постигна својата зацртана цел со неверојатна упорност, верба во себе и исцрпувачки тренинзи, верувале или не во неговата спална соба, и од таму започнува нови походи за соборување на нов рекорд, односно да го запише своето име уште еднаш во дисциплината 150 склекови на една рака за три минути.