Србин ја силувал ќерка си 140 пати! Грозоморното злосторство се случило во Швајцарија, девојката завршила на психијатрија, тој тврди: Таа измисли сè
Таксист и сликар кој живее во Швајцарија е обвинет дека повеќепати ја силувал својата тогаш 16-годишна ќерка во викендица во Србија во март 2018 година. А откако се вратил во Винтертур продолжил сексуално да ја злоупотребува. Според обвинението тоа го направил околу 140 пати. Врховниот суд ја потврди првичната пресуда на Окружниот суд и насилникот е осуден на 10 години затвор!
Окружниот суд во Винтертур го осуди мажот на десет години затвор и 15 години егзил во ноември 2021 година. Со ова судот го надмина барањето на обвинителот, кој побара казна од осум години за инцест, силување, сексуален напад и други кривични дела.
„Сè е измислено“
Осомничениот поднел жалба на пресудата, а случајот во средата се разгледувал во Врховниот суд.
-Јас сум невин, сè е измислено – рече тој на прашањето на судијата.
Тој истакна дека сака да знае зошто ќерката сакала да ги измисли овие обвинувања.
-Бев строг во воспитувањето и не се грижев доволно за нив. Имав афера и со снаа ми па таа измисли заговор против мене. И нејзиното момче и мојата сега разведена сопруга ја манипулираа за да се ослободи од мене – изјави обвинетиот во судницата.
Обвинетиот имал досие и пред ова грозоморно злосторство, бил во затвор 3,5 години во Германија поради вмешаност во грабеж на банка. Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда, како и отштета од околу 630.000 франци за три години истражен и превентивен притвор.
– Недостигаат физички докази, иако се зборува дека жртвата била силувана 140 пати. Тоа не го забележале ниту мајката ниту помладата сестра од истото домаќинство, иако се наведува дека инцидентите се случиле во текот на една година. Тоа не е можно – рече адвокатот.
ЖРТВАТА ЗАВРШИЛА НА ПСИХИЈАТРИЈА
Наспроти ова, јавниот обвинител и адвокатот на жртвата бараа потврда на пресудата.
– Мојот клиент до денес не успеа да дојде при себе. Младата жена и понатаму страда од посттрауматско стресно растројство од сексуалниот напад и има напади на паника. Минатата година таа помина шест месеци во психијатриска дневна клиника. Таа ја повлече кривичната пријава во 2016 година под огромен семеен притисок – дури ни нејзината мајка тогаш не и’ веруваше – рече адвокатот на жртвата.
Ќерката го пријавила таткото и претходно, во наведената 2016 година, но се откажала од кривично гонење на таткото.
Судот ѝ верува на жртвата
Врховниот суд целосно ја потврди пресудата на Окружниот суд во Винтертур. Со него 44-годишникот е осуден на безусловна казна од 10 години затвор и 15 години протерување од државата за силување, родосквернавење, закани и други кривични дела.
Покрај тоа, тој мора да и плати отштета од 60.000 франци на својата ќерка.
– Судот не се сомнева дека жртвата ја кажува вистината. Таткото употребил физичка принуда и психолошки притисок. Не го знаеме точниот број на напади, но претпоставуваме дека се работи за голема бројка – изјави на крајот судијата.