Србите во шок: Новак Ѓоковиќ не е кандидат за спортист на годината, но Рафаел Надал е

Српскиот тенисер четири пати ја освојуваше наградата, но сега го нема на списокот. Последниот освојувач е Верстапен, а заедно со Лионел Меси на тронот во 2020 година имаше и еден Формула возач – Луис Хамилтон.

Престижната награда „Лауреус“ се доделува на најдобриот спортист во изминатата година, а сега е објавена и листата со имиња кои конкурираат за нејзино освојување. Фактот што Новак Ѓоковиќ го нема на списокот предизвика чудење во Србија, со оглед на тоа што тенисерот ја освои титулата на Вимблдон, како и завршниот Мастерс во Торино. Одличната форма ја потврди со освојувањето на 10-тата титула на Австралија опен, која додуша не е вклучена во натпреварувањето со оглед на тоа што се одржа во јануари. 

Сепак, на листата е Рафаел Надал , кој ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос во 2022 година. За најдобар спортист на светот покрај Надал се натпреваруваат Арманд Дуплантис (атлетика), Лионел Меси и Килијан Мбапе (фудбал), Макс Верстапен (Формула 1) и Стивен Кари (кошарка). Ѓоковиќ четири пати ја освојуваше наградата, во 2012, 2015, 2016 и 2019 година. 

Последниот освојувач е Верстапен, а заедно со Лионел Меси на тронот во 2020 година имаше и еден Формула возач – Луис Хамилтон. Титулата му припадна на Надал во 2021 година, кој ја освои и во 2011 година. Што се однесува до женската конкуренција, атлетичарката Елејн Томпсон-Хера беше минатогодишна победничка, додека тенисерката Наоми Осака славеше претходната година.

Овој пат, во него се Алексија Путелас (фудбал), Ига Свијатек (тенис), Кејти Ледеки (пливање), Микаела Шифрин (скијање), Шели-Ен Фрејзер-Прајс (атлетика) и Сиднеј Меклафлин-Левроне (атлетика).