Србија ги ослободи тројца ‘киднапирани’ косовски полицајци, Албин Курти објави: “Мора да се одговори на српската агресија!“

Судот во Србија во понеделникот нареди ослободување на тројцата косовски полицајци кои беа приведени долж границата меѓу двете земји пред повеќе од една недела, олеснувајќи го растечкиот конфликт меѓу Белград и Приштина.

Српските власти соопштија дека тројца мажи, идентификувани само со иницијалите Б.С, Р.З и С.М, се уапсени во Србија и обвинети за неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

Косово тврди дека Србите киднапирале полицајци на нејзина територија. Косово, Европската унија и САД побараа нивно инто ослободување.

Вишиот суд во југозападниот град Краљево го потврди обвинението против обвинетите и донесе одлука за укинување на притворот на обвинетите“, се вели во соопштението на судот, пренесуваат соседните медиуми.

Одлуката практично им дозволи на српските власти да ги задржат своите обвиненија, но им дозволи на тројцата мажи да се вратат во Косово, надвор од дофатот на српскиот суд.

Косово, со мнозинско албанско население, некогаш јужна провинција на Србија, прогласи независност од Белград во 2008 година со поддршка од Западот по војната 1998-1999. Но Србија сè уште го смета Косово за дел од својата територија.

Насилството избувна во четири општини во северно Косово на крајот на мај, откако градоначалниците етнички Албанци ја презедоа функцијата по локалните избори. Излезноста беше само 3,5 отсто, бидејќи етничките Срби, кои го сочинуваат мнозинството од населението таму, го бојкотираа гласањето.

Брисел и Вашингтон ја повикаа Србија да ги повлече демонстрантите од тие општини, а Косово да ги повлече полицијата и градоначалниците и повторно да организира локални избори.

Косовскиот премиер Албин Курти во понеделникот го потврди ослободувањето на тројцата полицајци.

Иако сме среќни што се вратија кај семејствата, ова киднапирање претставува сериозно кршење на човековите права и мора да биде опоменето. Српската агресија мора да одговара“, напиша Албин Курти во објава на социјалната мрежа Твитер.