“СРБИЈА Е НА ПРЕСВРТ“ – Александар Вучиќ најави дека ќе распише предвремени општи парламентарни избори за 17. декември

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе распише предвремени општи парламентарни избори за 17. декември, поради тековните масовни протести против неговата Влада.

Србија е на пресврт, граѓаните нека кажат каква политика сакаат“, порача Александар Вучиќ во четвртокот вечерта во интервју за еден соседен медиуми. 

Тој кажа дека официјално ќе распише предвремени избори до 2. ноември, како што налага Уставот.

Неделните антивладини демонстрации започнаа по двете масовни убиства во мај, во кои загинаа 18 лица, вклучително и невиден масакар во училиште од страна на 13-годишен ученик во Белград.

Учесниците на протестот ги обвинуваат медиумите под контрола на Александар Вучиќ дека поттикнуваат клима на омраза и величаат насилство во земјата.

За потсетување, Србите го избраа актуелниот парламент во април минатата година.

Десничарската националистичка партија СНС на Александар Вучиќ, заедно со нејзините сојузници, има удобно мнозинство во парламентот. Предвремените избори се вообичаени во Србија.