– Началникот на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Лука Чаушиќ, потврди дека нема жртви ни повредени на сплавот „Картел“ во Белград, кој синоќа по полноќ почна да тоне.
Тој изјави дека белградскиот сплав почнал да тоне во моментот кога на него се наоѓале неколку стотици млади луѓе.
Тој додаде дека по дојавата испратени се 30 пожарникари-спасувачи со 11 возила, чамци и специјална екипа за спасување и работа на вода.
Припадниците на Секторот за вонредни ситуации евакуирале 114 лица.
Српските медиуми објавија дека на сплавот имало повеќе стотици млади луѓе, а итната помош згрижила десет малолетници и им ги предала на родителите, додека двајца 17-годишници се однесени во Воено-медицинска академија (ВМА) поради алкохолизам.